ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре пресуда за Мерко за незаконското поставување на директори

Јавното обвинителство на денешното судско рочиште за незаконско поставување директори во основните училишта во селата Подгорци, Радолишта и Лабуништа, побара од Судот во Струга, обвинетиот градоначалник Рамиз Мерко да го прогласи за виновен.Обвинителите рекоа дека од изведените вербални и материјални докази, се докажало дека Мерко именувал директори надвор од законот. Обвинителството и одбраната денес излегоа со завршни зборови.

Advertisements

„Стануваше збор за Основното училиште Гоце Делчев во село Подгорци.  Очекувам осудителна одлука, да се осудува .Градоначалникот постапил спротивно на законите кои се наведени ,118 став 1, член109 став 3 и 115, став 5“, рече Џемал Лога-Јавен обвинител.

Обвинителката Ванеса Бизати Биљали рече дека обвинетиот во повеќе наврати презел дејствија за именување в.д директори, спротивно на законските прописи и оти таквото постапување претставува флагрантно прекршување на службените овластувања.

„Со оглед на тежината на делото и тежината на функцијата која ја извршувал обвинетиот и фактот што станува збор за дејствија кои имаат долгорочно влијание врз образовниот систем, а имајќи ги во вид фактите кои произлегуваат од изведените докази, Јавното обвинителство предлага, Судот да го прогласи обвинетиот за виновен за делото кое му се става на товар и да го осуди согласно законот“, рече обвинителката Ванеса Бизати Биљали.

Одбраната на Мерко, побара судот да донесе ослободителна пресуда, бидејки обвинението било неправедно и нецелосно. Според адвокатот на Мерко, Обвинителството не докажало кривично дело.

„За решавање на проблемот, обвинетиот многу пати разговарал со министерот Јетон Шакири кој им пренел на луѓето кои подоцна беа назначени на директорски позиции. Видно од неговиот исказ , обвинетиот опиша и какви напатствија добил од министерството изразени во форма на одговор на барање од 11.6.2024, односно како може да постапи во случај никој од редот на вработените во училиштето да нема поднесено пријава за директор“, рече Игор Петковски- адвокат на Рамиз Мерко.

Одлуката Судијата Јордан Јованов ќе ја соопшти утре.

Против Мерко во моментот активни се уште неколку други предмети, на само пет месеци до истек на неговиот четврти мандат.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button