ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Европскиот фронт започна поделбата на „колачот“ меѓу партиите кои се дел од коалицијата

Во Европскиот фронт започна поделбата на „колачот“ меѓу партиите кои се дел од коалицијата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, започна средби со лидерите на партиите од Европскиот фронт околу поделбата на општините за локалните избори во октомври, според поддршката што ја уживаат. Иако премина во опозиција, Арбен Таравари очигледно нема да настапи самостојно, туку ќе му се приклучи на Европскиот фронт. Неофицијално, сега се шпекулира дека партијата на Таравари побарала од Ахмети кандидати во општините Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај. Иако претходно се промовираше Валбон Лимани како можен кандидат, сега се дознава дека лично Таравари ќе се кандидира за Гостивар, додека за Сарај фаворизира Блерант Рамадани. По вчерашната седница на раководството на ДУИ, партијата најави обединување на сите прогресивни сили, и во Европскиот фронт, и во Националниот фронт, кој би значел поширок блок, заедно со партијата на Таравари.

Advertisements

“Се водат разговори. Се водат разговори, да. Штом ќе имаме заклучок, ќе бидете информирани. Затоа ли ќе се вика Национален фронт? Затоа – Национален фронт, Европски фронт – истата цел ја имаат. Разговараат”,рече Рина Ајдари – ДУИ.

Според информации на Алсат, во преговорите со Ахмети, Зиадин Села ја добил „битката“ за да има кандидат во Струга. Неофицијално, се споменува дека токму Села би можел да биде кандидат за градоначалник на Струга. Се наведува дека Села ќе добие и Дебар и Арачиново.

„Имаме континуирани разговори, информирани се и нашите партнери од Европскиот фронт кои не се дел од Парламентот, и се надеваме на поддршка. Одлуките се носат со консензус„, рече Илир Демири – АА-Села.

Но што е со другите партии во Фронтот кои не се дел од Собранието? Претседателката на Сојузот на Ромите, Фатима Османовска, за Алсат изјави дека формално сè уште не се повлекле од Фронтот, но дека за локалните избори не се воделе никакви разговори. За Шуто Оризари, таа вели дека Ахмети нема потреба да ги консултира бидејќи Курто Дудуш ќе се кандидира за уште еден мандат, а одлуката ќе се донесе на претстојниот партиски конгрес. Од друга страна, лидерот на ПДЕ, Арјанит Хоџа, информираше за Алсат дека во тек се разговори со партнерите од Фронтот. Во принцип има согласност како ПДЕ ќе настапи на изборите, но повеќе ќе зависи од предложените имиња и нивната професионална позадина. За сега, и турските партнери остануваат дел од Фронтот и ќе бидат вклучени во распределбата на општините./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button