ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Ќе се гради училиште направено од 3Д-печатени материјали

Меги Граут, основач на невладината организација „Тинкинг хатс“, планира да гради училишта користејќи материјал создаден со 3Д-печатач. Таа ќе користи технологија развиена од компанијата „Хиперион роботикс“, а во соработка со агенцијата „Студио Мортазави“ моментално работи на изградба на првото училиште изградено со 3Д-печатач во светот.

Advertisements

Училиштето ќе се наоѓа на Мадагаскар во Африка. Пилот-училиштето ќе биде изградено на универзитетскиот кампус на ЕМИТ во Фијанарантсоа, а во него ќе учат локалните ученици. Предвидено е градење на училиштето како комплекс од згради за ученици од основно и средно образование, со згради за научни и компјутерски лаборатории, библиотеки, сали за вежбање и училници за музичко и ликовно образование. Се планира и простор во кој би биле сместени наставниците и професорите.

Градбите ќе бидат споени, а на нив ќе има соларни панели и вертикални градини. Ѕидовите ќе бидат направени со 3Д-печатач, а покривот, вратите и другите елементи ќе бидат изградени со локални материјали. На ѕидовите ќе има простор за растенија, а тие истовремено ќе служат и за качување.

Во дизајнот не биле земени предвид безбедносните мерки воведени во пандемијата, но првото училиште треба да биде отворено кон крајот на оваа година или почетокот на следната.

Извор: architecturaldigest.com

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button