ВЕСТИСВЕТ

Гутереш: Нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува опасен пресврт во регионот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вели дека нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува опасен пресврт во регионот кој веќе ја изгуби својата рамнотежа.

Advertisements

„Пред два дена, од истото ова место, упатив директен апел – дајте му шанса на мирот. Тој апел не беше послушан“, рече Гутереш на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, пренесува Си-ен-ен.

Тој додава дека наместо тоа САД ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки.

Гутереш потсетува дека постојано осудувал каква било воена ескалација на Блискиот Исток и додаде дека луѓето во регионот не можат да поднесат уште еден циклус на уништување.

„Па, сепак, сега ризикуваме да паднеме во уште една глувчешка стапица на одмазда“, рече генералниот секретар на Обединетите нации.

Синоќа шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи го повика Гутереш да ја осуди американската влада на „најсилниот можен начин“ за изведувањето на нападите врз нуклеарните постројки на Иран.

Арагчи, во писмо до Гутереш, објавено од иранското Министерство за надворешни работи, вели дека американската влада мора да биде одговорна за она што тој го нарече криминален напад, пишува Си-ен-ен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button