СВЕТ
Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од тоа што му е потребно на Техеран

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема мера зависи од барањата на самиот Техеран, изјави пред новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Сè зависи од тоа што му е потребно на Иран“, рече портпаролот на Кремљ на прес-конференција, објави РИА Новости.
Тој додаде дека Москва понудила свои медијаторски услуги.