ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: За првпат правичната и соодветна застапеност добива јасно и целосно законско решение

За првиот заменик претседател на владата, Изет Меџити, усвојувањето на предлог законот за соодветна и правична застапеност од страна на Владата претставува историски момент бидејќи, како што рече, за првпат правичната и соодветна застапеност, како уставна категорија од 2001 година добива јасно и целосно законско решение.

Advertisements

„Иако ова прашање требаше да биде регулирано со закон уште во 2003 година, повеќе од две децении остана заложник на поитичката војла. Предлог законот гарантира еднаква пристапност во вработување и унапредување во јавната администрација, правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавните институции, но и обезбедување вработувањето и унапредувањето да се вршат врз основа на заслуги и квалификации на секој поединец“, рече Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button