ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фетаи: Предлог-законот за правична и соодветна застапеност, 24 години по Охридскиот договор, конечно ќе го реши прашањето за соодветна застапеност

Фетаи: Предлог-законот за правична и соодветна застапеност, 24 години по Охридскиот договор, конечно ќе го реши прашањето за соодветна застапеност

Вицепремиерот за добро управување, Арбен Фетаи, вели дека предлог-законот за правична и соодветна застапеност, 24 години по Охридскиот договор, конечно ќе го реши прашањето за соодветна застапеност. Според него, спроведувањето ќе го следи Владата, која ќе бара одговорност и за недоволната застапеност во државните институции.

Advertisements

„24 години по Охридскиот договор, за прв пат донесуваме закон за правична и соодветна застапеност, што е уставно решение, законско решение за спроведување на принципот на фер и соодветна застапеност во обврска за државните институции со контролни механизми за спроведување и следење на спроведувањето на овој принцип“, рече Фетаи.

„Координативното тело ќе биде последното тело кое ја одобрува методологијата, годишните извештаи и така натаму и ќе презема мерки на политичко ниво за корекција на недоволната застапеност каде што е потребно и евентуалното неспроведување на методологијата“, додаде Фетаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button