ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Многу граѓани тешко да одат на одмор годинава

Многу граѓани тешко да одат на одмор годинава

Иако календарот вели дека е време за летни одмори, реалноста за многу граѓани е сосема поинаква. Наместо да планираат патувања и одмор, велат дека со месечните примања едвај врзуваат крај со крај. Дел велат за одмор, нема ниту пари, ниту можност, додека дел можат да си дозволат краток одмор до Дојран.

Advertisements

Анкета – граѓани
„под 60,000 денари нема шанса да преживееш, од куќа не можеш да излезеш, каков одмор “
„Може и помалку и повеќе може, малку ќе се проспособиме или на подобро или не мора да одиме на Малта ќе одиме во Дојран на пример, значи сето е до нашето расмислување “
„Не може да се прехрани за просечен одмор “

Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија, за едно четиричлено смејство да замине на одмор и тоа само за сместување во бунгалови во Дојран ќе му бидат потребни над 25,000 денари.
Љупчо Радовски од Сојузот на синдикатите на Македонија, вели дека во Македонија е многу мал бројот на граѓани кои одат на одмор, вели дури и тие граѓани кои се трудат да заминат, земаат кредити, бидејќи платите во државава се многи ниски.

„Ако се задолжат со кредити за сепак да заминат некаде или да се одморат и да се опуштат и тоа секогаш одат на одмор од 5 до 7 дена преку сила, она веќе го заборавивме 15 дена одење на одмор, бидејќи и ова не може некој да го приуштат. Така да мислам дека се повеќе стандардот на граѓаните опаѓа, она што оди на одмор оди, али грото не може да оди бидејќи не може ни месецот да го истера со овие плати кои што сега моментално ги земаат“, рече Љупчо Радовски – ССМ.

Од Синдикатот велат дека стандардот на граѓаните секојдневно опаѓа. За овие два месеца минималната кошничка на ССМ пораснала за над 2000денари, а само за храна 1670 денари. Додека минималната плата со законското покачување е некаде околу 1800 денари, што значи дека инфлацијата го изела покачувањето./Алсат.мк

Ангел Димовски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button