
Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Во делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Претседателката Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на Самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.
Предвидено е претседателката и членовите на македонската делегацијата, на маргините на Самитот, да имаат повеќе средби со претставници на земјите членки на НАТО.
Во фокусот на дведневниот Самит во Хаг е предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за зголемување на процентот на финансиските средства коjшто државите-членки на Алијансата годишно го одвојуваат од националниот БДП.