ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Албанската опозиција нема кредибилитет да зборува за законот за правична застапеност

Албанската опозиција имаше можност повеќе од 20 години да создаде закон којшто ќе обезбеди правична застапеност. Тоа не го направија, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Advertisements

Запрашан за коментар на забелешките од албанската опозиција дека немале увид во текстот на предлог законот за правична застапеност и не биле консултирани во неговото создавање, Мицкоски рече:

„Кредибилитетот на тие политичари, посебно за овој закон е сведен на нула, така што да почекаме да се произнесе Венецијанската комисија, потоа сите пратеници, во рамките на Парламентот, ќе го имаат предлог текстот на којшто ќе може да учествуваат со амандмани“, рече Мицкоски.

Како што кажа Мицкоски, текстот на предлог законот би можело уште денеска да биде испратен до Венецијанската комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button