МАКЕДОНИЈА

Села: Европскиот фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност

Европскиот фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност, бидејќи со закон е регулирана само злоупотребата што му се правеше на Балансерот, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Алијансата за Албанците и дел од оваа коалиција Зијадин Села.

Advertisements

Села обвини за недостаток на транспарентност во постапката за донесување на Предлог-законот за правична застапеност во Владата. Нагласи дека дури и по донесувањето од страна на извршната власт, законот не е објавен никаде за граѓаните да можат да го видат, иако ќе биде испратен до Венецијанската комисија на мислење.

-Премиерот заедно со неговиот декор од заменици премиери на Влада вчера кога објавија триумфално дека веќе во влада помина закнот за правична застапеност. За жал, уште еднаш покажаа дека немаат никаков респект. Немаат респект ни кон јавноста и меидумите, бидејќи се зборува за Закон и се најавува дека ќе се прати во Венецијанската комисија, од друга страна ниеден граѓанин од оваа држава не знае за каков закон станува збор. Тотално немање на транспарентност пред граѓаните, тоа нзачи тотално непочитување кон граѓаните на оваа држава, рече Села.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button