Мицкоски: Проблемот е во идентитетот

Обидот да се додаде терминот„модерен“ пред македонски јазик и идентитет во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, според премиерот Христијан Мицкоски, ги отфрли претходните ветувања дека јазикот и идентитетот не се засегнати.
За време на расправата во Комисијата за надворешни работи на ЕП, онаа на која предупреди премиерот Христијан Мицкоски не беше изгласан овој предлог. Македонскиот јазик и идентитет не го добија дополнителниот опис „модерен“, и покрај амандманот што го поднесоа неколку пратеници. Бугарските пратеници на оваа дебата информираа дека истиот амандман ќе го предложат и на пленарната седница. Мицкоски вели дека ќе се обиде овој амандман да не помине, дури ни на пленарна седница.
Изненадена од најавата на бугарските пратеници во ЕП, претседателката Силјановска рече дека на маргините на НАТО Самитот во Хаг се сретнала со бугарскиот премиер Росен Жељазков, по што изјавила дека верува во пријателството и дека тоа е неизбежно.
Бугарија, од друга страна, вели дека нема да прифати никаква промена во тешко постигнатиот европски компромис. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев во писмото до европските лидери испратено синоќа по седницата на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент, на која беше изгласан Извештајот за Македонија. Според него, упатувањата на јазикот и идентитетот без конкретни дефиниции создаваат простор за различни толкувања, „како оние што веќе ги прават нашите југозападни соседи со нивните претензии кон вековниот македонски идентитет“, додава Радев.
Фатлуме Дервиши