
Работите на Коридорот 8, делницата Гостивар-Кичево, продолжуваат според динамиката, велат од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Според нив, најголемиот предизвик е во изградбата на мостови, бидејќи мора да се зачува текот на реката Вардар. Според надзорниот инженер, Аќиф Абаџи, важност е дадена и на зоните каде што постои ризик од лизгање на земјиштето.
„Најголемиот предизвик тука беше реката Вардар, која има клучно значење за Македонија бидејќи тече сè до Скопје. Во соработка со сеизмичкиот оддел го проектиравме прво пренасочувањето на текот на реката, а потоа и изградбата на потпорните столбови. Во моментот сме во втората фаза, а изградбата продолжува. Според досега изградената субструктура, околу 80% од работите на оваа точка се завршени и продолжуваме со изградбата“, рече Абаџи.
Башким Сулејмани