МАКЕДОНИЈА
Кратка средба Давкова – Трамп, претседателката ги помеша Рубио и Џеј Ди Венс

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг кратко се сретна и се ракуваше со пресдателот на САД Трамп. Таа ја предводеше македонската државна делегација, во која се и министрите за надворешни работи и за одбрана . Давкова повика на деблокада на процесот на проширување на ЕУ со цел да се заврши обединувањето на Европа.
Во изјава за медиумите таа ги помеша државниот секретар на САД Марко Рубио со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј Венс.