
Државите членки на НАТО на самитот во Хаг донесоа одлука во следната деценија да издвојуваат по 5 отсто од своите национални буџети за потребите на Алијансата. Три и пол проценти ќе бидат наменети за основни одбранбени капацитети како вооружување и војска, додека преостанатите 1,5 проценти ќе се вложуваат во безбедносни инвестиции, вклучувајќи иновации, заштита на критичната инфраструктура и цивилна заштита.
Преку оваа резолуција, членките потврдуваат дека остануваат посветени на принципот на заедничка одбрана, како што е наведено и во Членот 5 од основачкиот договор – напад врз една членка се смета за напад врз сите.
Во документот се наведува дека Русија се смета за долгорочна закана по европската безбедност, но овојпат не се потенцира војната во Украина, за разлика од претходната година.
Самитот се одржува во период кога меѓународната заедница е фокусирана на тензиите меѓу Израел и Иран, кои по дванаесетдневни интензивни воздушни напади, постигнаа кревко примирје на Блискиот Исток.