
Со дуелот меѓу Баерн Минхен и Лајпциг ќе почне 63. сезона во Бундеслигата.
Новата сезона во најдобрата германска лига ќе почне на 22 август, петок од 20:30 часот на Алијанц Арена, каде Баерн Минхен ќе го пречека Лајпциг.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се уште е член на Лајпциг, уште е нејасно дали ќе продолжи да игра за германскиот клуб или ќе биде позајмен или продаден.