ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Франција, меѓу загинатите е и 12-годишно момче

Две лица загинаа во Франција во силно невреме што вчеравечер ја зафати земјата по период на екстремна топлина, пренесуваат тамошните медиуми.

Advertisements

Меѓу загинатите е и дванаесетгодишно момче од регионот Тарн-ет-Гарон на југот на Франција, кое почина откако врз него падна дрво додека со семејството го напушташе местото погодено од бурата.

Во село на северозападниот дел од Франција, возачот починал откако удрил во дрво што поради невремето паднало на патот.

Брзината на ветерот достигна до 120 километри на час, што предизвика предупредување за опасни временски услови за 57 регион во Франција.

Францускиот премиер Франсоа Бајру ги повика на внимателсност жителите на погодените подрачја.

Обилните дождови предизвикаа поплави во зградата на парламентот додека пратениците беа на седница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button