
Сите четири бразилски екипи кои учествуваат на Светското клупско првенство се пласираа во осминафиналето за разлика од нивните аргентински ривали кои испаднаа.
Палмеирас, Ботафого, Флуминенсе и Фламенго изборија пласман во нокаут фазата од големото клупско натпреварување.
Бразил сигурно ќе има барем еден тим и во четвртфиналето со оглед на тоа што една од осминафиналните двојки е дуел меѓу Палмеирас и Ботафого.
За разлика од бразилските екипи, аргентинските го завршија учеството уште во групната фаза. Славните Ривер Плата и Бока Јуниорс се елиминирани откако и двете завршија како трети во своите групи.