
Аргенгинтската ѕвезда Лионел Меси, би можел кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Претседателот на Ал-Хилал е во САД и планира да се сретне со Хорхе Меси, таткото на фудбалерот и да го убедува да дојде во нивниот клуб.
Шефот на клубот планира да ги испита работите околу можниот ангажман на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Договорот на Меси со Интер Мајами е до декември 2025 година. На неколку пати тој истакна дека е среќен во овој клуб, што е лоша вест за Ал-Хилал. Исто така имаше шпекулации за враќање во Барселона.
Меси сака да остане во добра форма пред Светското првенство идната година, каде што неговата Аргентина ќе ја брани титулата освоена во Катар пред три години.