
Португалските тренери Хорхе Жесус и Серхио Консеисао се најсериозни кандидати за преземање на клупата на Ал Наср, каде што игра Кристијан Роналдо. Tимот остана без тренер, откако Стефано Пиоли доби отказ.
Хорхе Жесус веќе има искуство со водење на клуб од Саудиската про лига, откако го предводеше тимот на Ал-Хилал.
Консеисао, пак, е без работа откако беше отпуштен од тимот на Милан по завршувањето на сзоната, а на негово место беше назначен Масимилијано Алегри. Претходно Консеисао го водеше тимот на Порто.