
Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во првата година од мандатот.
Според Трипуновски, има сериозни резултати од првичните чекори што биле преземени изминатата година, а најголем дел од земјоделското производство има прогрес во квантитетот и откупната цена.
Со извозот на пролетната зелка, укажа министерот, само од една откупна сезона имаме двизен прилив од 30 милиони евра, што значи дека домашната потрошувачка е задоволена и плус сме извезле надвор од државата. Упати и на податоците од Државниот завод за статистика дека извозот на земјоделските производи, во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани, бележи раст од пет проценти или околу 11 милиони евра повеќе.