СВЕТ
Папа Лав XIV: Парите одат кај трговците на смртта наместо кај болниците и училиштата

Папата Лав XIV го критикуваше глобалното вооружување, предупредувајќи дека парите што би можеле да се користат за изградба на болници и училишта завршуваат во „рацете на трговци со смрт“.
Зборувајќи на аудиенција по повод собирот на агенциите за помош на Ориенталните цркви (ROACO), папата ја осуди она што го нарече „лажна пропаганда за вооружување“, нагласувајќи дека милитаризацијата не носи мир.
„Како може некој да верува, по векови историја, дека војната носи мир, а не им возвраќа удар на оние што ја спроведуваат“, праша папата, оценувајќи дека ова ја уништува надежта на луѓето за траен мир.