ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Средба Кошта-Жељазков: Бугарија нема да ги претвори македонските евроинтеграции во билатерален процес

Бугарија нема да поставува никакви поинакви услови за С Македонија, ниту, пак, ќе го претвори процесот во билатерален, изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков од Брисел, коментирајќи ги македонските евроинтеграции, пренесува БГНЕС.

„Нашата позиција е целосно во согласност со онаа изразена во декларацијата на Народното собрание од мај оваа година, која дава доволни гаранции и на РСМ дека Бугарија нема да поставува никакви различни услови, ниту пак ќе го претвори процесот во билатерален и дека тој ќе се гледа од нас од позиција на земја членка на ЕУ и на Европскиот совет како однос меѓу ЕУ и РСМ“, рече тој.

Advertisements

Пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, Жељазков денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од кого, како што вели бугарскиот премиер, добил уверување дека Советот строго ќе се придржува до компромисот од 2022 година.

„Го замолив Кошта да им обрне внимание на колегите од РСМ дека говорот на омраза не помага во овој процес, вклучително и во заемниот дијалог меѓу двете земји, кој треба да се базира на Договорот за добрососедство“, вели бугарскиот премиер.

Според него, темата за идентитетот и јазикот во извештајот на Европскиот парламент е обид да се одвлече вниманието на јавноста во Бугарија и во Македонија од главното прашање за заштита на човековите права на Бугарите во Македонија.

„Ние, како мудра земја членка на Европската Унија, со доза на воздржаност, ги контролираме емоциите и реакциите во однос на тие закачки од нашите колеги од РСМ, кои можеби наоѓаат основа поради претстојните избори наесен таму“, кажа тој.

Спроведувањето на компромисот (францускиот предлог) од 2022 година, што подразбира измени во Уставот на Република Северна Македонија со вклучување на бугарската заедница, според бугарскиот премиер, е неопходен услов за започнување на процесот на преговори.

„Главното прашање е промена на Уставот, впишување на Бугарите како заедница и почитување на човековите права и потребните гаранции за тоа. Бугарија не поставува никакви услови на оваа тема, туку само сака спроведување на консензуалниот компромис од 2022 година“, вели бугарскиот премиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button