МАКЕДОНИЈА

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда. Изгласани се Законот за електронските комуникации, Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за архивски материјал и архивска дејност.

Advertisements

Со носењето на овие закони, во согласност со Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, Македонија добива пристап до повеќе од 19 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра се наменети како директна буџетска подршка.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски се заблагодари за поддршката од Собранието за организираните четири јавни расправи за законите, истакнувајќи дека со нив ќе се забрза процесот на дигитална трансформација и се усогласуваме со европското законодавство. – Пионери сме во реализацијата на реформската агенда, покажуваме максимални резултати во тоа што си го зададовме како задача и сме  пример во поширокиот регион како може да се применуваат европските директиви во нашиот закон. Сега одиме во вториот чекор во нивна целосна реализација, рече Андоновски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button