ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје ќе има средба со лидерите на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, посветена на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот на ЕУ за раст за регионот.

Advertisements

Како што соопшти денеска Европската комисија, покрај премиерот Мицкоски на средбата со Кос ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Во најавата се посочува дека Планот за раст за Западниот Балкан нуди придобивки за шесте земји кои се подготвуваат за членство во ЕУ, па на состанокот ќе биде разгледан напредокот и ќе се дискутира за следните чекори во неговото проведување.

– Лидери ќе работат со комесарката Кос за да ги претворат обврските во акција, фокусирајќи се на критични реформи за ослободување на средствата во рамките на Планот за раст и за обезбедување видливи придобивки за граѓаните на земјите кандидати уште пред зачленувањето (во ЕУ), се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button