ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО

Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година

Advertisements

– Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад. Ние не сме избрани од нашите граѓани и немаме легитимитет да ја судиме и анализираме, тоа е работа на историчарите и академиците. Ние сме избрани да носиме раст и развој. Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши силе се спротивставуваме за редефинирање на нашиот идентитет е ретрограден, не му користи на регионот и на народите на двете земи, кои за жал поради таквиот однос се се повеќе оддалечени едни од други, рече Муцуснки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button