МВР тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти – велат од СДСМ

Министерството за внатрешни работи (МВР) тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Богданка Кузеска.
Повикувајќи се на јавно достапни информации, таа рече дека веќе е ангажирана фирма, без какво било искуство во оваа област.
„Фирмата досега правела студии за отпад и стадиони, а сега треба да прави студија за систем со највисок степен на доверливост – издавање на лични карти и пасоши“, кажа портпаролката на СДСМ.
Кузеска посочува дека во тендерската документација не се бара безбедносен сертификат за лицата што ќе имаат пристап до податоците, што е крајно сомнително и несоодвеетно.
„Нема гаранција ниту за заштита на доверливи податоци на државата и граѓаните. Зошто? Се ова се прави беа транспарентност, далеку од очите на јавноста и крајно сомнително“, вели таа.
Според неа, МВР сака да го централизира целиот систем, од производство до издавање документи, без контрола, без надзор, без јавност, без сертификати, а тоа додаде дека не е модернизација, туку рецепт за злоупотреба.