СПОРТФУДБАЛ

Познати сите двојки за осминафиналето на Светското клупско првенство

Со последните два натпревара одиграни ноќеска заврши групната фаза на Клупскиот мундијал, по што се комплетираа сите осминафинални двојки.

Advertisements

Реал Мадрид го победи Салцбург со убедливи 3:0 во последното коло од групната фаза на Светското клупско првенство. Кралскиот клуб со тоа го потврди првото место во групата Х и обезбеди пласман во осминафиналето, каде што ќе се соочи со Јувентус.

Винисиус Жуниор го отвори резултатот во 40-тата минута, пред Федерико Валверде да го зголеми резултатот на 2:0 во третата минута од судиското продолжение. Конечниот резултат го постави младиот Гонсало Гарсиа во 84. минута.

Реал се соочува со тежок тест против Јувентус во осминафиналето.

Италијанскиот клуб заврши втор во својата група по тешкиот пораз од Манчестер Сити (5:2), а натпреварот со Реал ќе биде вистинско уживање за љубителите на фудбалот, со оглед на тоа дека станува збор за едно од најголемите фудбалски дербија во Европа.

Реал и Јувентус одиграа 21 официјален натпревар во европските натпреварувања, при што Кралскиот клуб е малку поуспешен со 10 триумфи во споредба со деветте на Јувентус.

Ова е второто најдолго соперништво во Европа, по дуелот помеѓу Реал и Баерн, кои се имаат сретнато 28 пати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button