СВЕТ

Германија планира законска реформа за да го блокира преземањето на „Северен тек“

Германската влада разгледува измени во својот закон за надворешна трговија за да спречи потенцијално преземање на компанијата што управува со гасоводот „Северен тек 2“, покажа документ објавен во почетокот на неделава.

Advertisements

Иницијативата е дел од напорите на Берлин да го блокира секое идно пренасочување на рускиот гас кон Германија, објави Ројтерс.

Гасоводниот систем „Северен тек“ се состои од два пара цевки низ Балтичкото Море до Германија и беше најголемата рута за увоз на руски гас во Европа. Системот имаше капацитет да испорачува 110 милијарди кубни метри гас годишно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button