ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Фетаи: Предлог-законот за правична застапеност деновиве ќе биде испратен во Венецијанската комисија

Предлог-законот за правична застапеност деновиве се очекува да биде испратен на мислење до Венецијанската комисија, информира вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи. Мислењето од Комисијата, како што кажа Фетаи на денешната прес-конференција, ќе му даде меѓународен печат на предлог-законското решение кое е стопроцентно во склоп со Уставот и добрите европски практики.