МАКЕДОНИЈА

Владата утре ќе одлучи дали ќе продолжат работите за водоснабдувањето на с. Синичани


Владини претставници денеска го разгледуваат извештајот на експертите од Акционерско друштво за стопанисување со вода за наводнување. Од Владата исто така велат дека општина Боговиње треба да ги достави потребните документи до Министерството за земјоделство, иако од општината уверуваат дека ја доставиле целата документација што била побарана од нив.

Од друга страна, жителите на селото Синичане и понатаму протестираат на Шара, изразувајќи го својот револт против стопирање  на работите. Тие велат дека нема да отстапат од протестите сѐ додека не продолжат работите за водоснабдување. Во  Синичане, сѐ уште има распоредено и полициски сили.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button