Дел од економистите сметаат дека е потребна прецизна методологија со која би се поставил стандард, односно параметри по кои се пресметувала синдикалната потрошувачка кошничка
Дел од економистите сметаат дека е потребна прецизна методологија со која би се поставил стандард, односно параметри по кои се пресметувала синдикалната потрошувачка кошничка

По промените на властите за пресметката на „владината кошничка“, од тричлено на четиричлено семејство, економистот Абил Бауш вели дека потребна е прецизна методологија усогласена со параметрите на Европската Унија.
„Прв пат кога рекоа тричлено семејство тоа беше интересно, таа теза, но сепак ќе кажам едно семејство колку може да потроши треба да се направи стандард .Значи стандард на кој што таа варијабила ќе ја користиме ние како држава еднаш засекогаш и во тие производи кои би се користеле како стандард, тука. “, рече Абил Бауш – економист.
Во однос на најавата на Минситерот за Економија Бесар Дурмиши за изготвување на Владина апликација којашто преку алгоритам ќе ги споредува цените и на граѓаните ќе им покажува кој продукт е најевтин, Бауш, вели дека ова се козметички мерки кои може само да ги користи помладата популација.
„Што правиме со таа повозрасната популација на која што не може да види да спореди мерките кај се. Видете овие краткорочни или козметички мерки веќе станаа банални, ние треба да се позанимаваме со некои постратешки мерки. Ова веќе станува еден вид на социјални мерки кои што немаат апсолутно немаат никаква врска со самотот движење на економијата или со растот на економијата. Да бидеме конкурентни на пазрот ќе треба да направиме стратешки мерки“, додаде тој.
Пребројувањето на членовите на синдикатите е во завршна фаза и по завршувањето веднаш ќе се формира Економско социјален совет, каде ќе биде доставена новата владината поторшувачка кошничка.
Ангел Димовски.