Хаос пред Универзитетскиот институт за радиологија на клиниката „Мајка Тереза“
Хаос пред Универзитетскиот институт за радиологија на клиниката „Мајка Тереза“

Меѓу многуте граѓани пред вратите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, ја сретнавме Наџија Бејлурова пред влезот на Универзитетскиот институт за радиологија, која чекаше да ги добие резултатите. Таа вели дека страда од болки во рбетот.
Откако госпоѓа Бејлурова конечно го доби долгоочекуваниот резултат, нејзиниот мачен пат не завршува тука, бидејќи сега ѝ претстои ново чекање – овојпат пред вратите на одделот за неврологија.
Пациент од Велес, кој чекаше резултати од магнетна резонанца за неговата сопруга, изјави дека чека веќе повеќе од два месеца, а сè уште нема добиено конечен извештај.
Освен овие двајца пациенти што чекаат со месеци за резултати, пред влезот на Универзитетскиот институт за радиологија имаше и многу други граѓани, кои зад камерите ги броеја месеците на чекање за еден извештај.
Од Министерството за здравство велат дека причините за доцнењето на резултатите и закажувањето на термините на Одделот за радиологија зависат од приоритетот на упатот, тековниот обем на работа, расположливиот медицински персонал, како и бројот и функционалноста на апаратите. Додаваат дека само во месец април биле закажани околу 1.000 термини за трите уреди за магнетна резонанца, над 2.000 термини за трите уреди за компјутерска томографија и над 4.000 термини за шесте рендген апарати. Ваквата динамика, според Министерството за здравство, претставува логистички и временски предизвик за континуирано одржување на квалитетот на услугите./Алсат.мк
Авни Тахири