Два пожари ја зафатија скопската населба Визбегово, при што постоеше опасност огнот да се прошири и кон околните куќи
Два пожари ја зафатија скопската населба Визбегово, при што постоеше опасност огнот да се прошири и кон околните куќи

Пожарот што избувна во скопската населба Визбегово, претставуваше ризик да се прошири и кон базенот лоциран во таа населба, каде што одмораа околу 100 лица кои го користеа викендот за рекреација.
Сопственикот на базенот, изјави дека првата екипа на противпожарната служба пристигнала со 25 минути задоцнување, а втората екипа доцнела повеќе од еден час. Тој нагласи дека вработените на базенот, заедно со посетителите, успеале да спречат поголема катастрофа.
„Стануваше збор за многу голем ризик, потенцијална опасност за пожар со огромни размери. Ние бевме многу подготвени, исто така и гостите – во тој момент имаше над 100 гости, кои веднаш ги евакуиравме од нашиот објект. Првата екипа на пожарникари пристигна по 25 минути – не знам дали е нормално првата екипа да дојде дури по 25 минути – а втората екипа, сигурно дојде со големо задоцнување, некаде по повеќе од еден час пристигнаа уште два камиона. Ако беа побрзи, сигурно пожарот ќе беше изгаснат многу порано“, рече Баки Зеќири, сопственик на базенот.
Во меѓувреме, заменик-командантот на Противпожарната единица изјави дека успеале навреме да го изгаснат пожарот и дека, за среќа, освен материјалната штета, нема повредени лица.
Освен пожарот во близина на базенот, претходно пламени јазици зафатија и една дива депонија во истата населба. Пожарникарите велат дека поради непристапниот терен не успеале целосно да го изгаснат пожарот./Алсат.мк
Линда Ебиби