ЗАБАВА
Ираснска стилистка создаде жива ткаенина


Алсат
03.09.2020 15:07
Канадско-иранската стилистка Роха Агиџи во соработка со Универзитетот Бритиш Колумбија, создаде жива, биоразградлива ткаенина. Создадена од алги, ткаенината произведува и фотосинтетски процес со прочистување на воздухот. Според универзитетот, ова е првата произведена ткаенина од ваков вид што врши фотосинтеза, додека материјалот е стилизиран во форма на капут. Прототипите се уште се во фаза на тестирање и се уште не се произведуваат, но веќе ја „привлекоа“ модната индустрија која бара начини за производство.