ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево со температура до 38 степени, од четврток уште потопло

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа и повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 38 степени.

Advertisements

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде и во Скопје, каде исто така ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до високи 38 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, сончево и топло време ќе продолжи и во текот на следните денови од седмицата. Температурите, како што информираат оттаму, ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога живата во термометрите насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне и до 40 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button