МАКЕДОНИЈА

Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во кочанско Оризари

Ноќеска околу 2:30 часот по полноќ избил пожар во непосредна близина на бензинската станица во кочанската населба Оризари. Во пожарот, кој се случил на плац од спротива на бензинската, опожарени се три автобуси и едно комбе во сопственост на приватна фирма.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип информираат дека пожарот е изгаснат од страна на противпожарната бригада на Кочани. Во несреќата нема повредени лица.

Advertisements

„Денеска во 2:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, Кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани“, се неведува во соопштението на СВР Штип.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button