ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Пописот на населението беше спроведен во рамките на сите договори

Ахмети: Пописот на населението беше спроведен во рамките на сите договори

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за прв пат се огласи за одлуката на Уставниот суд со која се укинаа членовите од методологијата со кои населението се делеше на резидентни и нерезидентни. Ахмети синоќа го бранеше пописот, велејќи дека сè е спроведено во рамките на договорот.

Advertisements

„Албанците никогаш не биле поделени, ниту пак ќе бидат поделени. Тоа е попис во рамките на сите договори“, рече Али Ахмети- претседател на ДУИ.

Одбраната на Ахмети по секоја цена на пописот во оваа форма се смета за предавство од страна на ВЛЕН. Албанските партии ја обвинуваат ДУИ дека го извршила најтешкиот чин на предавство со бришењето на Дијаспората од списокот на населението, третирајќи ја како нерезиденти. Коалицијата ВЛЕН бара од лидерот на ДУИ да разјасни дека со јавното признание на овој скандал што Ахмети го нарекува „Во рамките на договорот“, да каже за каков договор станува збор и дали овој бил договорот, обвинува ВЛЕН, за бришење на албанската дијаспора од официјалните листи за попис.

„Али Ахмети треба јасно да одговори: Кој беше тој договор? Со кого го склучивте? Во чие име? Дали тој договор бил за бришење на албанската дијаспора од официјалните регистри? Ако е така, тогаш тоа треба отворено да се каже. Дијаспората заслужува одговор, а одговорноста е неизбежна. ВЛЕН ќе продолжи да го крева својот глас за правата на секој Албанец, дома и во дијаспора. Дијаспората не е бројка што треба да се избрише, туку срцето што ја одржува економијата и надежта на оваа земја жива“, се вели во реакцијата на ВЛЕН на социјалните мрежи„, велат од ВЛЕН.

По одлуката на Уставниот суд за укинување на членовите од методологијата за попис, Владата предупреди дека не ја исклучува можноста за испитување на одговорноста на двајцата поранешни водачи на процесот, Апостол Симовски и Илми Селами./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button