ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во средното училиште „7 Март“ во Тетово е запишан само еден ученик

Во средното училиште „7 Март“ во Тетово е запишан само еден ученик

„Иако е едно од најубавите и најопремените училишта, со училници, амфитеатар и модерни објекти, во средното училиште „7 Март“ интересот на учениците за запишување е исклучително низок. Во првите два рокови, тука беше примен само еден ученик.

Advertisements

Причината за незаинтересираноста на учениците е оддалеченоста и локацијата на ова училиште. Директорот вели дека следната година ќе се гради нов објект на друга локација. Исмаил Влаши верува дека во следните рокови критериумите ќе бидат намалени, а бројот ќе се зголеми.

„Првично, имавме 14 ученици, а само еден ги исполни условите за да биде примен во нашето училиште, што значи дека имаше над 60 поени, а во вториот рок имаше уште помалку заинтересирани. Вкупно, планиравме 242 ученици за осум паралелки, а како што знаете, досега е примен само еден ученик“, рече Исмаил Влаши, директор на средното училиште „7 Март“.

За разлика од средното училиште „7 Март“, интересот за средното медицинско училиште е исклучително голем.

„Интересот е многу голем, во првиот рок примивме 403 ученици. Насоката за медицинска сестра е исполнета и затворена, како и насоката козметологија. Слободни места има за техничар, фармација, физиотерапија, забен техничар, забен асистент и лабораториски техничар“, рече Малсоре Рамадани- директорка на ОСМУ „Никола Штејн“.

Инаку, во сите средни училишта во Тетово, сè уште има околу 730 слободни места за упис на ученици, од кои повеќето во „7 Март“ и стручните училишта./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button