ВЕСТИ

„Геноцидот во Сребреница“ да се вметне во Кривичниот законик – побара денеска предлагачот на овој закон Арбана Пашоли од редовите на ДУИ

„Геноцидот во Сребреница“ да се вметне во Кривичниот законик – побара денеска предлагачот на овој закон Арбана Пашоли од редовите на ДУИ

Предлог законот за дополнување на Кривичниот законик преку вметнување на Геноицидот во Сребреница во него денеска го помина првото читање во законодавниот дом. Според предлагачите, ако се донесе овој закон тоа ќе донесе усогласување на домашната со европската легислатива, како и почитување на основните начела во уставот како мирот, соживотот и спречувањето на геноцидот како кривично дело.

Advertisements

„Предлогот на законот содржи два члена – првиот член го дополнува членот 104-а со зборовите „Геноцидот во Сребреница“, додека вториот член е стапувањето на зкаонот во сила. Со прелдожениот закон ќе има усогласување со европското законодавство и со декларацијата за Сребреница донесена во 2009 година„, рече Арбана Пашоли, пратеничка на ДУИ.

Од друга страна, според ВМРО-ДПМНЕ геноцидот во Сребреница, како и сите други кривични дела од таков тип се веќе добро прецизирани и осудени во актуелниот кривичен закон.

„Членот 407 е сосема добро пропишан и ги има опфатено сите форми на осуда на нечие негирање, омаловожување или не дај боже одобрување на каков било геноцид, злосторства или какви било други дела против човештвото. И затоа сметам дека членот ваков каков што е ги опфаќа сите кривични дела односно геноцид коишто се утврдени и признаени со правосилни судски пресуди„, рече Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски ги повика пратениците од Европскиот Фронт доколку навистина имаат искрена намера со овој предлог-закон, истоиот најпрво да го испратат до Министерството за правда, а истиот потоа повторно да се најде пред пратениците./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button