ВЕСТИСВЕТ

Макрон го повика Путин да се согласи на прекин на огнот во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика претседателот на Русија, Владимир Путин, да се согласи на прекин на огнот со Украина, во вчерашниот прв телефонски разговор меѓу двајцата лидери од 2022 година.

Advertisements

Елисејската палата соопшти дека за време на двочасовниот телефонски разговор одржан вчера, Макрон и Путин разговарале за тековниот конфликт во Украина. Макрон во оваа смисла ја нагласил непоколебливата поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Макрон повика на што поскоро воспоставување на прекин на огнот и започнување преговори меѓу Украина и Русија за солидно и трајно решавање на конфликтот“, се вели во соопштението на Елисејската палата.

Во врска со телефонскиот разговор на двајцата лидери се огласи и официјална Москва посочувајќи дека рускиот претседател го потсетил Макрон оти војната во Украина е директна последица на политиките на западните држави, притоа предупредувајќи дека секој мировен договор во Украина мора да биде долгорочен.

Во врска со нуклеарната програма на Иран, која исто така била тема на разговор, Путин и Макрон се согласиле за потребата од решавање на кризата исклучиво преку дипломатски средства.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button