
Четири департмани во Франција остануваат во црвена состојба на тревога поради екстремна топлина, што значи дека е на сила „апсолутна будност“, соопшти француската метеоролошка служба Метео-Франс.
Јулските температурни рекорди беа срушени или изедначени на многу места, особено на југот од земјата, каде што вчера беше на сила портокалова временска тревога за речиси целата територија, објави француската BFM.
Поради екстремно високите температури, Министерството за образование вчера објави дека 2.213 училишта низ целата земја се затворени.