САД ја прекинуваат испораката на дел од противвоздушната муниција за Украина поради ниски сопствени резерви

Соединетите Американски Држави го запреа извозот на определени проектили и противвоздушна муниција за Украина поради загриженост дека залихите на вакво оружје во американската армија се намалени.
„Оваа одлука е донесена за да се стават интересите на Америка на прво место по прегледот на воената поддршка и помош на нашата нација за други земји низ целиот свет“, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели.
Оваа одлука, донесена во последните денови, се однесува и на муниција за соборување на беспилотни летала и ракети. Американското Министерство за одбрана соопшти дека ги коригира воените испораки за Украина за да обезбеди оперативна подготвеност на своите сили, додека на претседателот Доналд Трамп му останува можноста да ја продолжи помошта во согласност со поставените цели.
Деталите за конкретниот тип на оружје што е засега стопирано не се објавени.
Извор: The Guardian