СВЕТ

Австралиска истрага открива дека Абориџините биле жртви на „геноцид“

Европските доселеници извршиле геноцид врз австралиските Абориџини, според наодите на истражна комисија во југозападната држава Викторија, која ја повикува владата да спроведе мерки за репарација, објави денеска Би-Би-Си.

Advertisements

Комисијата, која започна со работа пред четири години, во својот извештај нагласува дека Абориџините, од 1834 година, биле жртви на масовни убиства, болести, сексуалното насилство, лингвицид, културно бришење, деградација на животната средина, одземање на деца, како и асимилација, што придонело за „речиси целосно физичко уништување“ на домородната заедница на Викторија, пишува Би-Би-Си.

„Ова е геноцид“, заклучува извештајот.

Меѓу своите препораки, комисијата се залага за финансиска компензација на Абориџините за претрпената штета и враќање на нивните предци.

Премиерката Јасинта Алан ѝ се заблагодари на комисијата, уверувајќи ја дека нејзината влада „внимателно ќе ги разгледа“ наведените препораки.

Наодите „ги истакнуваат суровите вистини и ги поставуваат темелите за подобра иднина за сите (жителите на Викторија)“, порача таа во соопштението.

Кога европските доселеници пристигнале во Австралија во 1788 година, бројот на Абориџини бил околу еден милион. Денес, тие сочинуваат само 3,8 проценти од 26-те милиони жители на Австралија.

Австралија долго време се бори да го намали јазот во здравјето и благосостојбата помеѓу домородното население и остатокот од населението.

Очекуваниот животен век за овие малцинства е околу осум години понизок од националниот просек, а нивните стапки на затворање продолжуваат да растат.

„Сегашните економски нееднаквости и пречките за просперитет за Првите Нации се директно наследство од колонијалните практики и исклучувањето санкционирано од државата“, се вели во извештајот на комисијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button