ВЕСТИСВЕТ

Политико: Велика Британија и Германија се подготвуваат да потпишат сеопфатен договор

Велика Британија и Германија се подготвуваат да потпишат сеопфатен договор што вклучува клаузула за меѓусебна помош во случај на (воена) закана за која било од двете нации, потврдија неименувани извори запознаени со процесот, објави веб-страницата „Политико“ со седиште во Брисел.

Advertisements

Со потпишување на заедничка декларација минатото лето, британскиот премиер Кир Стармер и поранешниот германски канцелар Олаф Шолц ги поставија темелите на договорот и ветија поблиска соработка за мирот и безбедноста, како и за економскиот раст, објави веб-страницата.

Текстот на договорот е во финализирање и се очекува да биде потпишан на 17 јули, пред двата парламента да се одморат за летниот одмор, изјавија двајца британски функционери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button