ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муцунски: За жал, и во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат

Премиерот Христијан Мицкоски беше кристално јасен, нашиот идентитет се нашиот јазик, нашата историја и нашата многувековна култура градена низ комплексни, тешки времиња која е најголемото богатство што го имаме како држава, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во врска со вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Advertisements

Како што напомена, одговорајќи на новинарски прашања, за жал, и во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат.

-Посебно во овој регион идентитетот е сложена категорија. Да, за жал, и во 21 век е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат, но за нас нема дилема дека историските личности како Делчев, Груев, Сандански се дел од нашиот идентитет како што се и прекрасните манастири, преубавите џамии. Нашиот идентитет е и соживотот, но и јазикот што го зборувале нашите баби и дедовци, прабаби и прадедовци и апсолутно никој нема право да го оспори тоа, односно да го оспори нашето право да го почитуваме она што е дел од нас како Македонци, подвлече Муцунски.

Еврокомосерката за проширување Марта Кос вчера на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски порача дека идентитетот не е предмет на политичко одлучување. Идентитетот според, неа се и македонските специјалитети како тавче гравче, пинџур и полнети пиперки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button