ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Политичките теми поврзани со бројки и проценти се завршени, мора да одлучиме што сакаме

„Завршени се политичките теми поврзани со проценти, со бројки, права и тн. И тоа не треба никој ниту да го спомене ниту да го дебатира. Тоа е стекнато право и завршено“, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со неговото обраќање во Собранието кога ја спомена можноста за евентуално спроведување на електронски попис во земјава.

Advertisements

„Електронски попис треба да направиме од проста причина што треба да знаеме со што располагаме, по критериумите дефинирани на Еуростат. Не реков дека тоа ќе го направиме. Можеби повторно ќе биде теренски, можеби сме многу богати па имаме пари да трошиме за теренски попис. Но, ќе повторам, не смее пописот да биде политичка тема. Завршени се политичките теми поврзани со проценти, со бројки, права и тн. И тоа не треба никој ниту да го спомене ниту да го дебатира. Тоа е стекнато право и завршено. Нас ни е потребна вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата. Кога го споменав електронскиот попис тоа го споменав на основа на прашање од страна на пратеник во Македонскиот парламент коешто дојде како резултат на одлуката на Уставен суд да ја поништи методологијата користена при минатиот попис. Ако таа методологија не чини, ние фактички работиме со податоци од 2002…мора да одлучиме што сакаме, дали ќе се занимаваме со етно политиканство или со разум“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button