ВЕСТИСВЕТ

Драмата од Бугарија премина во Романија – Црниот предатор сее страв и трепет во пограничните села

Исчезнувањето на големото крволочно животно од приватна нелегална зоолошка градина во Бугарија се претвори во вистинска прекугранична потрага и предизвика бран страв кај жителите на романскиот округ Ѓурѓу, откако двајца локални мажи пријавија дека го виделе необичното животно во дивината – на романската страна од Дунав.

Advertisements

Иако сè уште не е сигурно дали станува збор за црн леопард или за некое друго егзотично животно, локалните власти остануваат во состојба на готовност, а на граѓаните им се препорачува да не се приближуваат до шумски предели и веднаш да пријават какви било сомнителни видувања.

Сè започна минатата недела, кога граѓанин пријави дека забележал огромно црно животно налик на пантер, во близина на селото Пуиени. Набрзо пристигнал и втор повик за забележано исто животно во областа Истру, на околу 18 километри од првата локација. Службите за итни случаи на округот Ѓурѓу веднаш се мобилизираа.

„Неговите очи светкаа многу силно… На почетокот мислев дека ја гледам Сатаната, изгледаше толку неприродно. Не знаев дали гледам деформирано куче или дива мачка. Беше морничаво“, рекла исплашена мештанка, пишува романски Обсерватор.

Властите во Романија започнаа обемна потрага со употреба на термални камери, дронови, стапици и мамки, но досега не е пронајдена никаква трага од исчезнатото животно. Иако нема официјална потврда за каков вид животно станува збор, опасноста не може да се исклучи, предупредуваат надлежните служби.

„Граѓаните се замолуваат да не му се приближуваат на животното доколку го видат и да не се обидуваат да го фатат по сопствена иницијатива, заради сопствена безбедност“, соопшти полицијата.

Според бугарските медиуми, животното се барало во Бугарија две недели откако наводно избегало од приватна и нелегална колекција на егзотични животни – еден вид неовластена зоолошка градина.

По неколку дена хаос и без резултати, бугарските власти се откажаа, верувајќи дека големата мачка отишла на романска територија.

Оттогаш, повиците на бројот за итни случаи не престануваат, но додека пристигнат службениците, животното секогаш исчезнува без трага, оставајќи зад себе само исплашени сведоци и еден куп неодговорени прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button