
Еден од најбараните слободни играчи на пазарот, Џонатан Дејвид, кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Репрезентативецот на Канада е слободен играч откако му заврши договорот со Лил. Интерес за Дејвид во изминатиот период покажаа Арсенал, Ливерпул, Њукасл, Интер и Наполи, но како што тврдат медиумите во Италија тој ќе се пресели во Јувентус.
Според овие извори, Џонатан Давид во текот на претходната ноќ ги договорил сите услови за соработка со Јувентус. Се очекува да пристигне на медицински прегледи и да потпише договор во наредните денови.
Трансферот на Дејвид и намерата на Јувентус да го задржи Рандал Коло Муани, италијанските медиуми го толкуваат како уште еден чекор кон заминувањето на Душан Влаховиќ.