ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Интервју со претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски

Цената на струјата, влијанието на примирјето помеѓу Израел и Иран врз цената на нафтата, како и пресметките за новата цена на парното греење се дел от темите чии одговори побаравме од првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Advertisements

Во продолжение можете да го погледнете целото интервју дадено за телевизија Алсат.

Прашање: Сега по прогласувањето на мир помеѓу Израел и Иран, кои се очекувањата кога ќе се стабилизира цената на нафтата на берзите и кога да очекуваме намалување на цената на нафтата и кај нас?

„Веднаш од кога се објави дека ќе има мир имаше намалување на цената на суровата нафта на светските берзи исто така се намалија бидејќи ние носиме одлуки врз основа на цените на секој нафтен дериват пооделно има намалување и кај нас. Цените се стабилизирани горе доле, исто така она што ме радува и цената на природниот гас што се намалува тоа придонесе и фјучерсите за електрична енергија за третиот и четвртиот квартал од 2025 и првиот квартал од 2026 да почнат да се намалуваат, и очекувам дека следната одлука која што ќе ја донесе регулаторната комисија за енергетика во делот на нафтените деривати, ќе значи намалување на цената на сите нафтени деривати и верувам дека тој тренд ќе продолжи понатака од кога ќе се стабилизира цените. Но живееме во многу динамични времиња каде што секоја изјава на еден политичар сериозно влијае на цената на нафтените деривати, но верувам дека сега конечно е посигнато некое примирје и ќе доведе до  повторно враќање на состојбата каква што беше претходно во однос на цените на суровата нафта, на цените на нафтените деривати на светските берзи исто така цената на нафтениот гас“, рече Бислимовски.

Прашање: Дали и понатака сметате дека ќе остане непроменета цената на електричната енергија?

„Апсолутно ние одлуката која ја донесовме во декември и за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија и за снабдување со електрична енергија тие се однесуваат за цела 2025, во нашето предвидување во делот на снабдувањето  беше предвидено дека цената по која што универзалниот снабдувач ќе купува од ЕСМ ќе биде 62 евра за мегават час на тендерот кои што беше во текот на месец јуни, цената е 62 евра за мегават час. Така да апсолутно ќе нема никакви промени на цените до крајот на годината, односно до поднесувањето на новите барања на цени на МЕПСО, Електро дистрибуција и ЕВН Хоум“, рече Бислимовски.

Прашање: Какви се состојбите со пресметките со новата цена на парното?

„Во овој момент ги добивме барањата, барањата се такви какви што се  регулаторната комисија за енергетика пристапи кон анализа на овие податоци во овие постапки. Она што сакам да го кажам е дека ние секоја година ја проверуваме вредноста на основните средства за вршење дејноста производство на топлинска енергија и вообичаено за таа вредност  ни ја потврдува ангенцијата за процена, тоа е државна институција и во периодот кога ќе ја добиеме регулаторната комисија за енергетика би требало до крајот на јули да ги донесе овие одлуки, доколку не ја добиеме таа процена нема да бидеме во можност во јули да донесеме одлука туку во периодот, по добивање оваа анализа на вредноста на основните средства кои што се однесуваат на дејност на производство на топлинска енергија“, вели претседателот на РКЕ.

Прашање: Што сметате за новиот закон за енергетика во однос на паметните броила и станбените заедници што ќе можат да поставуваат фотоволтаици?

„Апсолутно тоа е добро, значи со европското законодавство кое што имплементирано во нашиот закон за енергетика има обврска операторот на мрежата да постави паметни броила, паметните броила ќе дадат информација на потрошувачот каква му е потрошувачката, кога да намали. Значи ќе има доста податоци за самиот потрошувач да си носи одлуки кога да троши повеќе, како да троши и сето тоа може да овозможи некој од домаќинствата отидат на слободниот пазар. Еден ден претходно за следниот ден кога ќе продава снабдувачот на домаќинството за различни часови да му даде различни цени. Така да претстои интересен период во однос на поставувањето на паметните броила, ќе им даде многу поголеми можности на домаќинствата да бидат поактивно вклучени во однос на својата потрошувачка и доколку решат во однос на изборот на својот снабдувач. Во однос на заедниците Македонија е сончева земја, поставувањето на фотоволтаици на кровови е одлично, јас верувам дека ќе почнат веќе овие заедници на станари на своите кровови да поставуваат фотоволтаици со тоа што пред се би си ја намалиле заедничката потрошувачка која што знае да биде повисока, исто така дел од таа електрична енергија ќе може да ја продаваат и на некој снабдувач, ако имаат вишоци се разбира и дополнително тоа ќе им обезбеди апсолутно повеќе средства за да можат да инвестираат во самата зграда“, вели Бислимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button